Вест за учителка која возела 25 деца во „спарк“, стана дезинформација за маж кој ги вози децата за да ги продаде

Фото: Принтскрин видео

Објавата шири лаги и измислици за некаков маж муслиман кој возел 25 деца и признал дека ќе ги продава за сексуални услуги и за вадење органи. Притоа е злоупотребено видео објавено од властите во Узбекистан, за случај во кој учителка во градинка била запрена со 25 деца во автомобил „шевролет спарк“, по што била казнета

Објавата шири измислици за некаков маж муслиман кој возел 25 деца и признал дека ќе ги продава за сексуални услуги и за вадење органи. Притоа е злоупотребено видео објавено од властите во Узбекистан, за случај во кој учителка во градинка била запрена со 25 деца во автомобил „шевролет спарк“, по што била казнета

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која шири лажна вест дека во Узбекистан бил фатен маж како превезува деца во автомобил и притоа признал дека децата ги носел за да ги продаде за сексуални цели и за вадење на органи.

27.09.2023

Узбекистан

Возач муслиман е приведен додека сомнително превезувал 25 деца во Узбекистан. Тој на крајот призна дека децата ќе бидат продадени за сексуални цели и вадење органи, стои во објавата.

Под неа е споделено видео на кое се гледаат многу деца пикнати во автомобил од кој ги вади полиција, но на видеото со нив е жена, а не маж, како што се тврди во објавата.

Ова видео нема никаква врска со некаков маж кој признал дека продава деца за сексуални услуги и за вадење органи. Станува збор за вест од Узбекистан стара повеќе од недела за учителка во градинка која сместила 25 деца во возило „шевролет спарк“ по што ја запрела полиција.

На снимката која ја објавила Службата за безбедност на патиштата се гледаат три деца како се возат во багажникот, шест на предното седиште и последните 16 стиснати на секоја резервна педа од задните седишта, пишува британски Сан.

Автомобилот е дизајниран за превоз на само четири патници.

Учителката објаснила дека ваквото „пеколно возење“ било нејзин начин како ги разнесува децата до дома.

Таа е осудена за небезбедно возење од јавниот совет во Узбекистан, но одлуката сè уште не е пријавена.

Од ова можеме да заклучиме дека објавата шири лаги и измислици за некаков маж муслиман кој возел 25 деца и признал дека ќе ги продава за сексуални услуги и за вадење органи. Притоа е злоупотребено видео објавено од властите во Узбекистан, за случај во кој учителка во градинка била запрена со 25 деца во автомобил „шевролет спарк“, по што била казнета. Поради тоа објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција