Видео од атмосферски истражувачки авион, споделено како доказ за некаков геоинженеринг

Фото: Принтскрин видео

Тврдењето во објавата дека авионот прикажан во видеото е некаков доказ за геоинжинниеринг и за прскање од авиони со кои се прават климатски промени, не е точно. Авионот прикажан во видеото е опремен за атмосферско истражување и тоа го потврдиле експерти за АФП кои работеле на истражувањето. Не постои никакво прскање од авиони, ниту пак, некакво намерно предизвикување климатски промени. Научните докази продолжуваат да покажуваат дека човечките активности ја загреале површината на Земјата и нејзините океански басени, што пак, продолжува да влијае врз климата

Тврдењето во објавата дека авионот прикажан во видеото е некаков доказ за геоинжинниеринг и за прскање од авиони со кои се прават климатски промени, не е точно. Авионот прикажан во видеото е опремен за атмосферско истражување и тоа го потврдиле експерти за АФП кои работеле на истражувањето. Не постои никакво прскање од авиони, ниту пак, некакво намерно предизвикување климатски промени. Научните докази продолжуваат да покажуваат дека човечките активности ја загреваат површината на Земјата и нејзините океански басени, што пак, продолжува да влијае врз климата

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која ја шири познатата теорија на заговор за некаков геоинженеринг и за наводно прскање од авиони со кои се предизвикуваат климатски промени. Објавата споделува видео од авион за кој тврди дека е доказ за геоинженеринг и сугерира дека е фактор за климатски промени.

Геоинженеринг авиони …

Нема ништо сокриено!

На авионот дури си пишува за која намена; “Модификација на времето“

А со што прскаат и како делува на здравјето на луѓето, кој ќе ви каже???, стои во објавата.

Објавата ги повторува теориите на заговор за измислени екстремни временски настани и теоријата на заговор за прскање од авиони, позната како кемтрејлс. 

Видеото во објавата не е поврзано со никакви методи за промена на времето, ниту пак, е доказ за некаков геоинжинеринг, пишуваат проверувачите на факти на АФП кои консултирале експерти.

Пребарувајќи на Гугл, АФП го идентификувале типот на авион прикажан во видеото како Цесна. Истражувачите од Универзитетот во Северна Дакота (УНД) го користеле модифицираниот авион за проект за грмотевици во 2019 година.

Професорот за истражување на УНД, Дејвид Делин потврдил дека Одделот за атмосферски науки го користел авионот, иако не го снимил клипот споделен на социјалните мрежи.

УНД склучи договор за користење на авионот во 2019 година за проектот CapeEx19, рекол Делин за АФП.

Делин потврдил рече дека авионот „не бил поставен за да врши промена на времето“.

Она што е прикажано во видеото се инструменти за мерење на атмосферските и микрофизичките параметри на облакот, додал професорот, посочувајќи на научен труд во кој компонентите под крилата на Цесна ги опишува како канистри за мерење на честички.

Сара Тесендорф, научник од Американскиот национален центар за атмосферски истражувања, се согласила со изјавите на Делин.

Тие канистри и сонди прикажани под крилата се стандардна атмосферска наука и физика на облаци за атмосферско истражување што ги користиме за подобро да ги разбереме облаците и нивните карактеристики, изјавила таа за АФП.

Тие канистри не испуштаат никакви честички или хемикалии; тие земаат примероци од атмосферата, додала Тесендорф.

Значи, тврдењето во објавата дека авионот прикажан во видеото е некаков доказ за геоинжинеринг и за прскање од авиони со кои се прават климатските промени, не е точно. Авионот прикажан во видеото е опремен за атмосферско истражување и тоа го потврдиле експерти за АФП кои работеле на истражувањето. Не постои никакво прскање од авиони, ниту пак, некакво намерно предизвикување климатски промени. Климатските промени се реалност. Научните докази продолжуваат да покажуваат дека човечките активности (првенствено човечкото согорување на фосилни горива) ја загреаваат површината на Земјата и нејзините океански басени, што пак, продолжува да влијае врз климата на Земјата.

Поради сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција