Видео туторијали за мултимедија и социјални медиуми наменети за новинари

Во рамките на проектот Обуки за новинари, фондацијата Метаморфозис изработи 8 видео туторијали со цел зголемување на знаењата и вештините на новинарите во насока на нивна адаптација на актуелните потреби и трендови во новинарството.

Туторијалите ги опфаќаат следните теми:

Освен туторијалите развиени се уште 2 ресурса во вид на презентации и тоа:

 


Првиот туторијал овозможува стекнување на технички вештини за креирање и обработка на звучни записи во Audacity наменети за поставување на веб. Во ова видео објаснети се можностите за отстранување шум од аудио записот, намалување или засилување на тонот, нормализирање на амплитудните разлики, генерирање тишина, обработка на повеќе аудио записи одеднаш, нивно миксување и слични корисни опции.

Надоврзувајќи се на ова, туторијалот за Windows Live Movie Maker овозможува стекнување на технички вештини за креирање и обработка (монтажа) на видео записи наменети за поставување на веб. Видеото започнува со опис на интерфејсот на оваа алатка, а продолжува со начините на додавање на содржини, додавање на аудио подлога, употреба на анимации, ефекти и темплејти, обработка на вметнати аудио записи и видео клипови, избирање на соодветниот формат при зачувување итн.

Понатаму, туторијалот за Flickr, се фокусира на неколку работи кои се достапни на овој сервис за поставување на фотографии. На почетокот е објаснета постапката за регистрирање на сервисот, како и начинот на поставување на фотографии, креирање албуми со фотографии, уредување на поединостите за секој албум, групно уредување на фотографии и албуми, споделување на фотографиите,  креирање на слајд-шоу од фотографии, а потоа и нивно вградување во веб-написите.

Начините за споделување на аудио записи и нивно вградување во веб-напис се објаснети во туторијалот за сервисот Soundcloud. Тука е опфатена постапката на регистрирање и создавање корисничка сметка, уредување на профилот, снимање и објавување на аудио записи, уредување на поединостите за записот, создавање и користење на сетови со аудио записи, вградување на аудио записи во веб напис, Dropbox итн.

Комбинирањето на фотографии со аудио подлога нè води до туторијалот за Slideshare, каде може да се види како се прават слајдкасти, односно мултимедијални производи со едноставна комбинација на слајдови и аудио. Во овој туторијал објаснет е начинот на регистрирање на сервисот  и основното уредување на профил, поставување и уредување на презентации, комбинирање на слајдовите со друг мултимедијален материјал како што е додавање на видео или аудио, споделување и вградување на презентации и слично.

Со цел да се објаснат можностите за објавување и обработка на видео со помош на Youtube, направен е и петтиот туторијал. Во него е објаснета постапката за регистрирање на корисничка сметка, поставување видеа на сервисот, уредување на поединостите за поставеното видео, додавање тагови за форматирање, снимање на видео со помош на веб-камера и изработка на слајдшоу од фотографии, обработка на поставените видеа, додавање на ефекти и уредување, додавање на титлови, комбинирање на различни видеа, аналитика за посетеноста на одреден канал на Youtube, споделување и вградување на видеа, создавање плејлисти итн.

Овие четири туторијали овозможуваат запознавање со начините за поставување и креирање на разни форми на мултимедијални содржини преку бесплатни веб-сервиси и нивно користење за збогатување на веб-написите.

Последниот туторијал има за цел да овозможи запознавање со најновите трендови за успешна промоција на содржини на интернет преку социјалните мрежи Фејбсук, Твитер, Линкдин, Гугл +, Пинтерест и Инстаграм, начините за прегледност во морето на информации кои секојдневно ги преплавуваат социјалните мрежи, и како да се дојде до повеќе следбеници и остварување посилно влијание преку социјалните медиуми.

Освен туторијалите развиени се уште 2 ресурса во вид на презентации и тоа:

Извор: Фондација Метаморфозис (линк кој води до оригиналниот напис)

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција