Видеото не прикажува пластичен, туку вештачки произведен ориз

Фото: Принтскрин видео

Доколку отидете на официјалната веб-страница на компанијата којашто го емитува видеото  споделено во постот – кинеската „Sunspring“,  ќе видите дека не се работи за пластичен материјал, туку за вештачки ориз. Главната разлика меѓу вештачкиот и вистинскиот ориз, според „Sunspring“,  се нутритивните вредности. Вештачкиот ориз која се произведува со брашно од различни житарки и се додаваат минерални соли и витамини за да понуди, теоретски, поцелосен производ во однос на исхраната. Според странски проверувачи на факти, информациите за наводен пластичен ориз не се нови и се појавуваат уште од 2011 година, тие се или лажни или недокажани. Оттаму посочуваат  дека пластичните зрна ориз лесно би се откриле при готвењето и сосема веројатно дека се поскапи за производство од вистинскиот ориз

Доколку отидете на официјалната веб-страница на компанијата којашто го емитува видеото  споделено во постот – кинеската „Sunspring“,  ќе видите дека не се работи за пластичен материјал, туку за вештачки ориз. Главната разлика меѓу вештачкиот и вистинскиот ориз, според „Sunspring“,  се нутритивните вредности. Вештачкиот ориз, кој се произведува со брашно од различни житарки и се додаваат минерални соли и витамини за да понуди, теоретски, поцелосен производ во однос на исхраната. Според странски проверувачи на факти, информациите за наводен пластичен ориз не се нови и се појавуваат уште од 2011 година, тие се или лажни или недокажани. Оттаму посочуваат  дека пластичните зрна ориз лесно би се откриле при готвењето и сосема веројатно дека се поскапи за производство од вистинскиот ориз

 

 

Пост на Фејсбук споделува видео за кое тврди дека прикажува производство на пластичен ориз. Нашата проверка покажа дека тврдењето не е точно.

Она што се гледа во видеото е втиснување и мелење на бел материјал, кој потоа се крши на зрна кои речиси не се разликуваат од оние на долгиот ориз. Но, тоа не е пластифициран ориз, како  што тврди постот што го анализираме.

Доколку отидете на официјалната веб-страница на компанијата којашто го емитува видеото – кинеската „Sunspring“,  ќе видите дека не се работи за пластичен материјал, туку за вештачки ориз.

Еден вид замена за оризот произведен од машина што го екструдира. Тоа не е ориз, но изгледа како ориз, пишува на веб-страницата на компанијата.

Главната разлика меѓу вештачкиот и вистинскиот ориз, објаснува „Sunspring“ се нутритивните вредности. Вештачкиот ориз се произведува со брашно од различни житарки и се додаваат минерални соли и витамини за да понуди, теоретски, поцелосен производ во однос на исхраната. Исто така, на страницата за објаснување е објавено видео од процесот на производство на храна, кое е многу слично на она што се емитува во објавата што ја анализираме.

Во  објаснувањето под видеото се наведува дека вештачкиот ориз, познат како нутриционистички ориз, е вид на замена за ориз направен од машина за екструдирање. Како храна која не е ориз, но изгледа како ориз, вештачкиот ориз претставува богата исхрана. За време на процесот на производство, добавувачот на храна може да додаде пченка, просо, пченица, овес, соја, витамин скроб, хранливи материи (калциум, цинк, железо, итн) во вештачкиот ориз. Вообичаено, вредноста на хранливите материи на вештачкиот ориз е 5-10 пати поголема од онаа на обичниот ориз.

Вештачкиот ориз е зрнест производ направен да личи на ориз. Обично се прави од скршен ориз, понекогаш со додавање на други житарки и често збогатен со микронутриенти, вклучувајќи минерали, како што се железо и цинк, и витамини, како што се витамин А и витамин Б.

Сноупс, веб-страница која ги истражува фактите, заклучи дека извештаите за наводен пластиичен ориз, кои не се нови и се појавуваат уште од 2011 година, се или лажни или недокажани, посочувајќи дека пластичните зрна ориз лесно ќе се откријат по готвењето, и сосема веројатно се поскапи за производство од вистинскиот ориз. Причините за опстојување на таквите „митови“ вклучуваат протекционизам и недоверба кон странскиот увоз, со лажни видеа кои намерно се користат за поддршка на локално одгледуван ориз, посочува Сноупс.

Од сето ова можеме да заклучиме дека видеото споделено во постот што го анализираме, прикажува производство на вештачки ориз, кој е зрнест производ направен да личи на ориз. Според тоа, постот го оценуваме како невистинит.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција