Видеото со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, е од мај 2021 година 

Фото: Принтскрин видео

Видеоматеријалот споделен во оваа објава на Фејсбук, не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година

Видеоматеријалот споделен во оваа објава на Фејсбук, не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук од 16 октомври во која се споделува видео и се вели:

Египетски возила со хуманитарна помош чекаат пред граничниот премин Рафах, веднаш до Појасот Газа.
Во видеото се гледа конвој на амбулантни возила, како и големи камиони (шлепери) наредени во колона како чекаат на граничниот премин Рафах кој се наоѓа на границата меѓу Египет и Газа.
Објавата – заедно со ова видео на Фејсбук е пласирана на 16 октомври 2023 година, кога Ројтерс извести дека „помошта за Газа е заглавена, и дека Египет вели дека Израел не соработува“.
Египет извести во понеделникот, дека Израел не соработува со доставата на помош во Газа и евакуацијата на странски државјани низ единствениот премин кој не го контролира целосно, оставајќи стотици тони помош заглавена. Каиро вели дека преминот Рафах, потенцијално витален премин за очајно потребните залихи во Газа, не е официјално затворен, но е неоперабилен поради нападите на Израел на страната на Газа, пишува во текстот на Ројтерс.

Меѓутоа, споделениот видеоматеријал во објавата што ја рецензираме, не е од октомври 2023 година, туку е стар повеќе од две години.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој помош е од 2021 година.

Иако видеоматеријалот прикажува област во близина на преминот Рафах, што е потврдено со сателитски снимки, снимката не е од 2023 година. Египетскиот канал Ал Нахар, првпат го сподели видеото на Фејсбук на 31 мај 2021. Арапскиот опис на видеото гласи: „По третпат Египет го испраќа најдолгиот конвој помош и поддршка за Палестинците во Газа“.

По најновиот конфликт (од 7 октомври 2023 г.), пак,  стотици тони со помош од невладини организации и неколку држави, од 16 октомври, се заглавени во Египет, објави Ројтерс на 16 октомври кога Каиро кажа дека поради тоа што патиштата во Газа се под постојани бомбардирања, тие не се операбилни.

Инаку, Египет на 16 октомври, во понеделникот објави дека Израел не соработува со доставата на помош во Газа и евакуирањето на странските државјани.

Досега израелската влада не зазема позиција на отворање на Рафах границата од страната на Газа, за да се дозволи влез на помош и излез на државјани на трети земји, објави Ројтерс.
Официјални лица на САД се надеваа дека Рафах ќе биде операбилен барем неколку часа во понеделникот. Портпаролот на Белата Куќа, Џон Кирби рече дека овие надежи не се оствариле.
Војната направи доставата на помош низ Рафах да биде многу тешка, вели портпаролот на Обединетите Нации, Стефан Дујариќ

„Има потреба од механизам со оглед на тоа што состојбата има импликации за повеќе страни, од кои некои не се во добри односи. Работиме на тоа со клучните партнери“, изјави тој за новинарите, а пренесува Ројтерс.

Ројтерс пишува дека радио станицата поврзана со Хамас Акса, објави дека бомбардирањето на Израел го погоди преминот Рафах во понеделникот. Египетската страна на границата изгледа напуштена, а залихите беа собирани во блискиот град Ал Ариш.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во оваа објава на Фејсбук  се пропушта контекстот. Станува збор за вистинско видео, меѓутоа не е од 2023 година од неодамнешната состојба која се разгоре меѓу Израел и Хамас, туку прикажува состојба од 2021 година.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција