ВМРО-ДПМНЕ: Интернет – портал: Наука.мк

Промоцијата на достигнувањата од научно-истражувачката работа е зајакната и со воспоставување на Интернет-порталот nauka.mk, на кој, во соработка со истражувачите од високообразовните и научните установи се презентираат резултатите од научно-истражувачката работа, кои ќе бидат достапни на домашната и на меѓународната научна јавност, но и на пошироката јавност. На порталот ќе бидат организирани активности што ќе ја поттикнуваат научната расправа како една од значајните алатки за евалуација на научно-истражувачката дејност, одбраната на резултатите од истражувањата и генерирањето идеи за нови научни истражувања. На јавниот и на приватниот сектор, како и на пошироката јавност, ќе им биде овозможен увид во научните достигнувања.

 Буџет: 1.000.000 денари     Носител: Министерство за образование и наука во соработка со јавните научни и високообразовни установи   [ Рок: декември 2014 година]

Образложение:

 

Овoј проект е предвиден во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот (2014 – 2018). Со пребарување на интернет не може да се најде ниту еден податок дека започнале некакви активности за реализација на овој проект. А кога ќе се впише веб-адресата наведена во Изборната програма: nauka.mk,  се добива одговор: This webpage is not available.

Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето.

 

Линкови:

 

 

Оценето од:  Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција