ВМРО-ДПМНЕ: Минимален праг за регистрирање на кредити

Во соработка со Народната банка, каде се води кредитниот регистар, ќе го намалиме минималниот праг за регистрирање на кредити на 5.000 денари, од сегашните 150.000 денари за физички и 500.000 денари за правни лица. Рок: ноември 2008 година.

Образложение:

На 27.08.2008 г. Народната банка донесе одлука со која

„…Се намалува прагот на поединечна изложеност која се пријавува од страна на банките од 500.000 денари на 300.000 денари за правни лица и од 150.000 денари на 5.000 денари за физички лица, додека прагот на поединечна изложеност која се пријавува од страна на штедилниците, се намалува од 50.000 денари на 5.000 денари за физички лица.“

Линкови

  • Народна банка на РМ. (27.08.2008). Соопштение. [Пристапено на 25.05.2011]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција