ВМРО-ДПМНЕ: Регистрирање на побарувањата

Со цел да обезбедиме заштита на доверителите од евентуално загрозување на нивните побарувања во текот на стечајните постапки ќе создадеме можност за регистрирање на побарувањата на доверителите од моментот на нивното настанување. Доверителите што ќе ги регистрираат своите побарувања ќе можат полесно и побрзо да се намират. Рок: октомври 2008 година.

Образложение:

Се работи за регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена забрана за вршење на професија дејност или должност и делумно забрана за вршење на некоја дејност. Регистарот на главна и споредни кривични казни за сторени кривични дела на правни лица и регистарот на утврдени побарувања на доверителите во стечајната постапка. Значи сега секаде каде што постојат регионални канцеларии на централниот регистар, граѓаните можат да ги добијат услугите на овие три нови регистри. – Курир

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција