ВМРО-ДПМНЕ: Загрозени животински и растителни видови
Во рамки на активностите за заштита на природата и биодиверзитетот ќе изготвиме Црвена листа на загрозени животински и растителни видови, во која точно ќе се опише состојбата на овие видови во природата и ќе се посочат приоритетите за заштита. За најзагрозените видови на оваа листа, ќе издвоиме посебни буџетски средства за нивна заштита. Рок: 2011 година
Образложение:
Проектот не е остварен до 21.02.2011. За периодот што следува нема информации дали е изработена Црвената листа.
Извори:
- Тодор Стојчевски. Журнал (21.02.2011). Отпадот е бизнис. [Пристапено на: 19.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар