ВМРО-ДПМНЕ: Заштита на малите акционери
Во следниот период дополнително ќе ги заштитиме правата на малите акционери преку промена на регулативата и нејзино усогласување со европските стандарди, како дополнување на промените што ги направивме во 2007 година.
Образложение
Извршени се промени на регулативата со кои се дадени повеќе права на малите акционери, со што ветувањето е формално исполнето.
Забелешка: Претставници на акционерите јавно искажуваат негодување поради неспроведување на законските прописи за заштита во рамките на судскиот систем, како и непостапување на институциите во случаи кога нарушители на правата се моќници од власта.
Линкови
- Вечер. (29.01.2010). Акционерите во подобра позиција. [Пристапено на 25.05.2011.]
- Нова Македонија. (21.08.2010). Се самоорганизираат во борба за судска правда. [Пристапено на 25.05.2011.]
- Христијан Стојчевски. Алфа Тв. (12.05.2011). Права на малцински акционери. [Пристапено на 25.05.2011.]
- Мишко Иванов. А1 Тв. (29.05.2011). Империја изградена со уцени и закани. [Пристапено на 31.05.2011.]
- Pravo.org.mk. Закон за трговските друштва. [Пристапено на 25.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар