Во Лерин имаше земјотрес, а не експлозија и детонации
Бесмислено е да се тврди дека во Лерин не се случил земјотрес, туку дека имало експлозија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ноќта на 09.01.2022 година бил регистриран земјотрес во близина на Лерин со јачина од 5.5 степени по Рихтер. Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, исто така, потврдија дека имаше земјотрес. Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, д-р Драгана Черних во изјава за Сител посочи дека по силниот земјотрес биле регистирани уште стотина послаби земјотреси од кои околу 40 биле почувствувани на територија на Северна Македонија
Бесмислено е да се тврди дека во Лерин не се случил земјотрес, туку дека имало експлозија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ноќта на 09.01.2022 година бил регистриран земјотрес во близина на Лерин со јачина од 5.5 степени по Рихтер. Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, исто така, потврдија дека имаше земјотрес. Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, д-р Драгана Черних во изјава за Сител посочи дека по силниот земјотрес биле регистирани уште стотина послаби земјотреси од кои околу 40 биле почувствувани на територија на Северна Македонија
Пост на Фејсбук шири лажна вест во врска со неодамнешниот земјотрес чиј епицентар беше во Лерин во Грција, а кој силно се почувствува и во Македонија. Според постот, не станувало збор за земјотрес, туку за експлозија.
Македонија
Земјотресите беа детонации.
ова од скопската опсерваторија која го покажува ударниот бран на земјотресот убаво се гледа дека ова е експлозија, стои во постот кој го анализираме.
Постот е придружен со фотографија од македонската сеизмолошка опсерваторија на која е регистриран земјотресот. Фотографијата ја презентираше раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, д-р Драгана Черних во гостувањето во дневникот на Сител телевизија.
ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ?
Ноќта на 09.01.2022 година силен земјотрес го погоди Лерин, а истиот беше почувствуван и во Македонија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со јачина од 5.5 степени по Рихтер. Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, исто така, потврдија дека имаше земјотрес.
Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, д-р Драгана Черних, во изјава за Сител посочи дека по силниот земјотрес биле регистирани уште стотина послаби земјотреси од кои околу 40 биле почувствувани на територија на Северна Македонија.
Таа во гостувањето во Дневникот на Сител покажа фотографија на која се гледаат земјотресите кои биле регистрирани, најголемиот најсилниот потрес со магнитуда од 5.6 според Рихтер (најдебелата црвена линија на фотографијата) и останатите афтершокови.
Таа објасни дека хоризонталните лини го означуваат часот на земјотресите, а вертикалните линии се самите земјотреси, амплитудите на регистрација.
На прашањето зошто се случуваат земјотреси во ова подрачје, д-р Черних објасни дека тоа е поради планината Пелистер која е млада планина и е во фаза на издигање, а Пелагонија е во фаза на спуштање.
(од 4:30 минута до 5:15 минута на видеото )
Планината Пелистер е обрабена од северната страна со пелистерскиот расед, а од десната страна со битолскиот расед. Битолскиот расед ги дели планината Пелистер и Пелагонија каде што фактички настануваат најголемите диференцијални движења. Поради напрегањата кои се случуваат во овој дел на раседите, настануваат и земјотресите, објасни д-р Черних.
Оттука, бесмислено е да се тврди дека во Лерин не се случил земјотрес, туку дека имало експлозија. Тоа го потврдува и македонската сеизмолошка опсерваторија. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар