Во Северна Кореја не се пеела песна од Квин, видеото е дигитална манипулација

Фото: Принтскрин видео

Ова видео е создадено на манипулативен начин со комбинирање на клипови од два различни концерта во Северна Кореја и со надополнување на аудио од песната на Квин „I Want To Break Free“. Со споредување на оригиналното видео и изменетото видео, може да се потврди дека се работи за исти сцени. Видеото споделено во оваа објава, всушност е дигитална манипулација односно altered content и ги измамува корисниците на социјалните мрежи да поверуваат во нешто што не е вистина

Ова видео е создадено на манипулативен начин со комбинирање на клипови од два различни концерта во Северна Кореја и со надополнување на аудио од песната на Квин „I Want To Break Free“. Со споредување на оригиналното видео и изменетото видео, може да се потврди дека се работи за исти сцени. Видеото споделено во оваа објава, всушност е дигитална манипулација односно altered content и ги измамува корисниците на социјалните мрежи да поверуваат во нешто што не е вистина

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео за коешто се тврди дека прикажува како во Северна Кореја, на државен собир, се интерпретирала песната  „I Want To Break Free“ од групата Квин. Ова не е точно, видеото е монтажа.

Кога веќе цинизмот во “западната хемисвера“ достигнува зенит, па зборови како “демократија“ и “слобода“ се испразнети од своето значење, тогаш не гледам никаков проблем братот Ким Џонг УН да ужива во интерпретација на песната I Want To Break Free од Квин

Одлична изведба ем мало зезање со “тие повисоките од надвор“, пишува во описот на објавата.

Видеото објавено на Фејсбук, на кое е прикажано како Севернокорејци ја пеат „I Want to Break Free“ (на македонски јазик – Сакам да се ослободам) од групата Квин на некој државен собир, на кој е присутен и лидерот Ким Јонг Ун, е невистинито односно изменето. Клипот кој вклучува монтирано аудио од песната на Квин и комбинира фрагменти од најмалку два настанa, ги измамува корисниците на социјалните мрежи да мислат дека е автентичен.

На видеото се гледа како женски бенд од Северна Кореја, придружуван од воениот хор на земјата, ја пее песната „I Want to Break Free“ од рок групата Queen, предводена од вокалистот Фреди Меркјури. Но видеото е монтирано и не е вистина дека се пеела оваа песна во Северна Кореја.

Преку обратно пребарување на фотографии на Гугл за членовите на музичкиот ансамбл, се доаѓа до заклучок дека снимките искористени за да се направи видеото се фрагменти од видео кое трае час и половина од настапот на севернокорејската поп-група Моранбонг и Државниот заслужен хор, што може да се погледне на Јутјуб. Оригиналното видео е снимено на 11 октомври 2015 година на настанот по повод 70-годишнината на Работничката партија на Северна Кореја. Видеото е прикачено на Јутјуб профилот на музичката група од каде што јасно се гледа дека содржината објавена на Фејсбук е манипулирана, бидејќи во нивниот настап тие воопшто не го интерпретираат поп хитот. Сцените од нивниот настап се монтирани и вметнато е аудио од хор кој ја пее песната на Квин за да изгледа како Севернокорејците да ја изведувале песната на церемонија.

Споредбата на двете видеа докажува дека се работи за истиот бенд кој во ниту еден момент од нивниот целосен настап не ја изведуваат песната „I want to break free“ на Квин заедно со севернокорејскиот воен хор.

Во видеото на временската ознака 00:09 се прикажани Ким Јонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Ју, што всушност се извадоци од друго видео кое може да се види објавено на Јутјуб на 18 февруари 2021 година, со наслов: „Националната химна на Северна Кореја | Ден на блескавата ѕвезда 2021“ (временска ознака 1:46).

Нивните облеки се совпаѓаат со оние што може да се видат на фотографиите објавени од Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA) на 17 февруари 2021 година, како што објави Ројтерс.

Бразилската организација за проверка на факти „Лупа“ барала изведби од музички групи и хорови кои ја изведуваат песната на Квин при што пронашле снимка објавена од каналот „Go Sing Choir“. Споредувајќи го звукот на двете видеа, се потврдило дека се работи за истото аудио, распоредено во исечени делови и со вклучени други звуци.

Ова видео е создадено на манипулативен начин со комбинирање на клипови од два различни концерта во Северна Кореја и со надополнување на аудио од песната на Квин „I Want To Break Free“. Со споредување на оригиналното видео и изменетото видео, може да се потврди дека се работи за исти сцени. Оттука, може да констатираме дека видеото споделено во оваа објава, всушност е дигитална манипулација односно altered content и ги измамува корисниците на социјалните мрежи да поверуваат во нешто што не е вистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција