Во сметките за струја за ноември не е воведена нова ставка

Arek SochaPixabay

Станува збор за сосема две различни ставки во сметките за струја. Новата ставка која е најавено дека ќе се воведе од јануари 2024 година, е „пристап до мрежа“ и нејзе ја нема во сметката за ноември прикажана во оваа објава на Фејсбук. Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ или (мрежарина) за која во објавата се тврди дека е новата ставка и дека веќе ја имало во сметките за ноември, всушност не е нова и таа може да се забележи и во претходните сметки

Станува збор за сосема две различни ставки во сметките за струја. Новата ставка, која е најавено дека ќе се воведе од јануари 2024 година, е „пристап до мрежа“ и нејзе ја нема во сметката за ноември прикажана во оваа објава на Фејсбук. Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ или (мрежарина) за која во објавата се тврди дека е новата ставка и дека веќе ја имало во сметките за ноември, всушност, не е нова и таа може да се забележи и во претходните сметки

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека во сметките за струја за месец ноември кои биле дупло повисоки, веќе се пресметувала новата ставка за „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“.

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈААА!!!

ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА ЛЕБАРКИТЕ!!!

Дупло повисоки сметки за струја за месец Ноември веќе се пресметува новата ставка за Надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија и тоа скоро дупло од потрошената струја!!!

Најважно радиодифузна такса не плаќаме!!!

Ајде нека дојде МАЈ да ги снема овие неспособниве аждаии што му ја испија крвта на народот МРШШШ за навек!!!, стои во објавата.

Како доказ за тврдењата, објавата споделува и фотографија од сметка за струја за месец ноември во која се гледааат ставките пресметани во финалната цена на сметката, а тоа се:

  • Надомест за потрошена електрична енергија,
  • Надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија (за која во објавата се тврди дека е новата ставка),
  • ДДВ од 18 проценти, и
  • Комунална такса за јавно осветлување.

Тврдењето во постот не е точно и е манипулативно. Во сметката за струја за месец ноември, прикажана во објавата, нема никаква нова ставка што ја немало во претходните сметки. Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ ја има од претходно и не е ништо ново, а тоа лесно може да се провери доколку се погледнат сметки за електрична енергија и од претходни месеци.

Вистиномер погледна во сметки за струја од месеците мај и август 2023 година и забележавме дека оваа ставка ја имало и во нив, односно таа не е ништо ново.

Објавата се појавува во исто време и заедно со најавата за воведување на новата ставка во сметките за електрична енергија „надомест за пристап до електродистрибутивната мрежа“, која, како што најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бисломоски, треба да се воведе од јануари 2024 година.

Како што објасни Бислимоски на прес-конференција одржана на 14 декември годинава, овој надомест ќе доведе до намалување на цената за мрежарина (сегашната ставка надомест за пренос и дистрбуција на еектрична енергија). Во моментот се прават анализи колку ќе биде износот на овој надоместок, но, тој, според Бислимоски, би изнесувал од 50 до 250 денари. Со неговото воведување се очекува мрежарината да се намали до 20 проценти, што, пак, би значело намалување на крајната цена кај редовните потрошувачи за околу 8 проценти, ако се има предвид дека мрежарината учествува со околу 30 проценти во вкупната цена, објасни претседателот на РКЕ.

Пристапот до мрежа не е дополнителна давачка и со оваа мерка се штитат домаќинствата. Имаме голем број домаќинства со сосема мала потрошувачка и товарот на одржување на мрежата паѓа на редовните корисници на електрична енергија. Истовремено, со воведување на ставката „пристап до мрежа“, ќе се намали „мрежарината“ за дистрибуцијата на електричната енергија, рече Бислимоски.

Значи, станува збор за сосема две различни ставки во сметките за струја. Новата ставка која е најавено дека ќе се воведе од јануари 2024 година, е „пристап до мрежа“ и нејзе ја нема во сметката за ноември, прикажана во објавата која ја анализираме. Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ или (мрежарина) за која во објавата се тврди дека е новата ставка и дека веќе ја имало во сметките за ноември, всушност, не е нова и таа може да се забележи и во претходните сметки. Поради тоа, истата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција