Западот не води војна и не губи од Русија

Фото: pixabay.com - колаж

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на ОН. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата, пишува на страницата на НАТO, каде што се дебанкирани  неколку митови кои се шират од извори на пропагандата на Кремљ, меѓу кои и наративот во постот – дека НАТО води војна против Русија. Војна би значело напади изведени од страна на воени сили на САД или на НАТО, напаѓајќи од НАТО територија против силите на Русија, руска територија или руска популација. Секој напад од Украина, со какво било оружје, против руски сили, не е војна на САД или НАТО без разлика колку тоа Русија сака да го тврди, објаснува Вилијан Алберк од Интернационалниот институт за стратешки студии.

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на ОН. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата, пишува на страницата на НАТO, каде што се дебанкирани разни митови, кои се шират од извори на пропагандата на Кремљ, меѓу кои и наративот во постот – дека НАТО води војна против Русија. Војна би значело напади изведени од страна на воени сили на САД или на НАТО, напаѓајќи од НАТО територија против силите на Русија, руска територија или руска популација. Секој напад од Украина, со какво било оружје, против руски сили, не е војна на САД или НАТО без разлика колку тоа Русија сака да го тврди, објаснува Вилијан Алберк од Интернационалниот институт за стратешки студии

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Запад, Англосаксоснската лига е скоро 800 милиони популација. И пак губи војна од Русија.

Од самиот почеток на воената инвазија на Русија врз Украина, којашто почна сосема неиспровоцирано на територија на суверена и демократска држава, западните земји од Европа како и САД, јасно ставија до знаење дека нема да толерираат прекршување на меѓународни договори, нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и потенцираа дека Украина има право да ја брани својата територија, но притоа НАТО нема да испрати војници во Украина. Западот постојано испраќаше апели до Русија да се повлече од Украина и војната да заврши, односно да ѝ се овозможи на Украина да решава за својата територија, идни сојузи, начин на водење на внатрешната и на надворешната политика. Откако овие апели за примирје не беа перцепирани од руската страна, држави од Западот почнаа да испраќаат оружје во Украина. Самиот наратив, дали Русија е во војна со НАТО е форсиран од страна на Кремљ, како дефокус од фактот дека Русија почна неиспровоциран вооружен напад на Украина и илегално окупираше делови од една суверена држава.

Како што пишува Си Ен Ен, консензусот меѓу експертите е дека членките на НАТО не се ниту блиску до нешто што може да се нарече војна против Русија по ниедна меѓународно прифатена правна дефиниција. Затоа, не може да се каже дека НАТО алијансата е во војна со Русија.

Војна би значело напади изведени од страна на сили на САД или на НАТО, во униформа, напаѓајќи од НАТО територија против силите на Русија, руска територија или руска популација. Секој напад од Украина, со какво било оружје, против руски сили, не е војна на САД или НАТО, без разлика колку тоа Русија сака да го тврди, објаснува Вилијан Алберк од Интернационалниот институт за стратешки студии.

Тој додава дека Повелбата на Обединетите нации предвидува дека ништо нема да го спречи правото на индивидуална или колективна самоодбрана ако се случи вооружен напад кон членка на ОН, додека Советот за безбедност презема неопходни мерки за да го зачува интернационалниот мир и сигурност. Русија е постојан член на Совет за безбедност на ОН и го искористи своето вето за да блокира осуда за нејзините акции во Украина.

Џон Хербс, поранешен американски амбасадор во Украина, објаснува дека промоцијата на идејата дека ова е војна меѓу НАТО и Русија ѝ помага на Русија да објасни дома, на своите граѓани зошто инвазијата не е успешна толку брзо колку што Русија се надеваше.

Поради тоа што руската војска беше неуспешна во Украина, корисно е да се тврди дека ова е војна со НАТО, а не со Украина. Исто така, ова објаснување помага да се оправдаат какви било следни чекори коишто би можел Путин да ги преземе, а Русија е многу настроена да си поигрува со идејата дека може да се оди со нуклеарно оружје, вели Хербст за Си Ен Ен.

 

НАТО ѝ помага на Украина да се одбрани од руската агресија

Дополнително, акциите на НАТО се дефанзивни одбранбени, дизајнирани не да предизвикаат конфликт, туку да го превенираат.

Алијансата има одговорност да обезбеди војната да не ескалира надвор од Украина, што би било уште покатастрофално и поопасно.

Во ова кратко видео НАТО ги демаскира лагите коишто руската пропагандна машинерија ги користи за да ја оправда својата агресија кон Украина и да го обвини НАТО за војната која единствено и само Русија ја почна. Во 48 секунда од видеото пишува дека НАТО не во војна со Русија. Во ова видео од НАТО се вели:

Ќе ја поддржуваме Украина колку и да биде потребно.

НАТО  ја осудува руската брутална и неиспровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и сојузниците продолжуваат да ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана.

НАТО помага да се координираат украинските барања за помош и ги поддржува сојузниците во доставување на хуманитарна помош.

Членот 5 како безбедносна гаранција овозможува колективна одбрана и овозможува Алијансата да испраќа оружје за Украина без да ја загрози својата безбедност. Понатаму, добро оформената структура за заеднички стандарди на Алијансата и интероперабилни системи ѝ дозволува на Алијансата да доставува опрема со сигурност дека доставите до Украина може да се дополнат со компатибилна опрема од други сојузници.

Индивидуални НАТО членки праќаат оружје, муниција и многу видови на лесна и тешка воена опрема вклучително противтенковски и системи за воздушна одбрана, дронови и тенкови. До денес НАТО сојузниците обезбедија опрема вредна милијарди евра за Украина. Сојузниците исто така ги тренираат украинските трупи како да ја користат оваа опрема. Ова помага Украина да го одржи своето право на самоодбрана кое е осигурено во Повелбата на ОН, пишува на страницата на НАТО во делот за најчесто поставувани прашања (4. Што прават НАТО и сојузниците за да ѝ помогнат на Украина?) .

Дополнително, сојузниците доставуваат парична помош за Украина, како и хуманитарна помош за цивили и украински раселени лица.

Сојузниците работат со релевантни стејкхолдери интернационално, за да ги држат одговорни оние кои сториле воени злосторства. Сојузниците работеа за поддршка на интернационалните напори да се овозможи извоз на украинско жито и да се намали глобалната криза за храна.

На самитот во Мадрид во јуни 2022 година, лидерите се согласија да се засили пакетот поддршка за Украина кој вклучува поддршка во медицинска опрема, оружје, зимска облека, опрема за пресретнување мини и подвижни анти-дрон системи.

Сојузниците, исто така, се согласија да ѝ помогнат на Украина да премине од советска опрема во модерна НАТО опрема, за дополнително да се засилат украинските одбранбени позиции и да се осигураат институциите. На долг рок, НАТО алијансата е посветена на тоа да ѝ помогне на Украина во поствоена реконструкција и реформи, пишува на страницата на НАТО.

Во постот што го рецензираме всушност се рециклира лажниот наратив на Кремљ, дека Западот се бори со Русија до последниот Украинец, но фактите се дека НАТО не е учесник во војната.

На страницата на НАТO, дебанкирани се неколку митови кои се шират од извори на пропагандата на Кремљ и првиот од нив е токму наративот во постот – дека „НАТО се бори против Русија во Украина“.

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на Обединетите нации. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата.

Ова обезбедува да нема простор за недоразбирање во Москва за нашата подготвеност да ги заштитиме и да ги одбраниме нашите сојузници. Нашата основна задача е да ги одржиме нашите 30 нации безбедни. Имаме одговорност да се осигуриме дека конфликтот нема да ескалира и да се прошири надвор од Украина, зашто тоа би било уште попогубно и поопасно, пишува на сајтот на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО сојузниците ќе го заштитат секој инч од својата територија, а поддршката за Укриана е круцијална. Рускиот напад на Украина е опасност за суверенитетот не само на Европа, туку на светот. Според Столтенберг ова е војна на агресија, во која Русија нападна суверена, независна демократска слободна држава во Европа, Украина. СЕ разбира, Украина има право да се брани и тоа е наведено во повелбата на ОН.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Западот губи војна од Русија, бидејќи Западот не е во војна со Русија. Русија изврши воена инвазија врз Украина, а таа сосема легитимно се брани.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција