Анго Ангов
Анго Ангов e градоначалник на Oпштина Дојран
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Анго Ангов е роден на 03.12.1984 година во Гевгелија. Оженет е и е татко на две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Тој е дипломиран економист, завршил Економски факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , отсек сметководство и ревизија.
Течно зборува англиски и француски јазик.
КАРИЕРА
Од 2008 до 2013 година работи во ревизорското друштво „Трио Консалтинг“.
Во 2013 година основа сопствена фирма за сметководство и ревизија „Ангов – консалтинг”.
На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Дојран.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Дојран: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар