ДУИ: Градење на Плоштадот Скендербег

„Градење на Плоштадот Скендербег и ревитализацијата на Старата Скопска Чаршија.“ [Рок: 2011-2015*]

Образложение:

Изградбата на плоштадот Скендербег е една од главните ветувања на последната предизборна кампања на ДУИ. Договорот за изградба на плоштадот „Скендер бег“ беше потпишан од страна на градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити и директорот на скопското претставништво на австриската фирма „Интернешнл инвестмен груп“, Љубомир Петков. Плоштадот „Скендер бег“ ќе се гради во три фази. Во моментов се изведува првата фаза од проектот.

Плоштадот „Скендербег“ ќе зафаќа површина од 5.000 па до 28.000 квадратни метри. Ако се оствари најголемата најава, тогаш тој ќе стане најголем плоштад во Скопје и во земјава воопшто, надминувајќи го и плоштадот Македонија што се простира на 18.500 квадрати. Целиот проект се спроведува со помош на Владата, што досега и доделила 10 милиони денари на општината за да почнат подготвителните работи. [Ажурирано на: 23.04.2012]

На кројот од декември 2011 година почна првата фаза од изградбата на новиот плоштад во општината Чаир, „Скендер-бег“. Во оваа фаза ќе се изгради амфитеатар и ќе се постави  плоча врз сегашните продавници кај стоковната куќа „Илинден“. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Во февруари 2014 година локалните власти од Чаир најавија дека премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет, кое е дел од доградбата на плоштадот „Скендер-бег“, ќе стартува во јуни годинава. За овој зафат веќе биле добиени финансиски средства од државниот буџет, а дадена е согласност од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Со оглед тоа, изборното ветување: „Изградба на плоштад „Скендер-бег“, е делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција