Изградено тениското игралиште во Драчево

Тенискиот терен во ОУ „Кузман Шапкарев“ беше пуштен во употреба во декември 2015 година Фото: Принтскрин Општина Кисела Вода

Изградба на тениски терен во ОУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево. Проектот ќе се реалзира во соработка со Владата на Република Македонија и со Агенцијата за млади и спорт. (Рок за реализација: ноември 2015)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Единечен тениски терен во кругот на ОУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево беше пуштен во употреба во првата половина на декември 2015 година. Изградба на ваков тениски терен вети градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во нејзината Изборна програма (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“,  (Спорт и млади, стр. 27), со рок на реализација ноември 2015 година, а во соработка со Владата и со Агенцијата за млади и спорт во рамки на проектот за изградба на 100 тениски игралишта.  Ова е исполнето ветување на градоначалничката Беличанец-Алексиќ ,  реализирано десетина дена  подоцна од  крајниот рок наведен во  Изборната програма (ноември  2015).

На 23 јуни 2015 година Градоначалничката на Општина Кисела Вода  и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески  поставија камен темелник на првото тениско игралиште во општина Кисела Вода. Игралиштето е во состав на ООУ „Кузман Шапкарев“. Како што беше соопштено тениското игралиште е со димензии од околу 840 метри квадратни, а теренот ќе биде изработен од „тврда“ подлога, акрилен слој со гумиран гранулат, согласно стандардите на меѓународната тениска федерација. Ќе биде оградено и осветлено со канделабри со метал халогена сијалица. Од Општината информираа дека тениското игралиште ќе го изведува  фирмата „Конструктор Рената“ од Скопје, дека инвестицијата е вредна 6,2 милиони денари, а градежните работи се очекува да финализираат за нешто помалку од четири месеци.

Тенискиот терен беше пуштен во употреба на 12 декември 2015 година. Медиумите информираа дека игралиштето располага со осветлување, пристапни патеки, целосна инфраструктурна приклученост и најсовреман подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација. На пуштањето во употреба на теренот присуствуваа тогашниот премиер Никола Груевски, градоначалничката на Општина Кисела Вода  и директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Нашата работа е во сите полиња од значење за граѓаните, а меѓу најприоритетние ни се образованието и спортот. Во оваа насока денес сме тука да го означиме и успешното завршување на уште еден проект, а тоа е изградбата на новото тениско игралиште во училиштето „Кузман Шапкарев“, рече тогаш  Груевски во обраќањето пред присутните.

Градоначалничката Беличанец Алексиќ тогаш рече дека овој настан е потврда на силните заложби на Општина Кисела Вода, а пред сè на Владата во соработка со Агенцијата за млади и спорт, за развојот на спортот и спортскиот дух кај младите лица.

Збогатувајќи ја содржина на училишнот спорт на ОУ „Кузман Шапкарев“, првото тениско игралиште во населбата Драчево ќе им овозможи на љубителите на тенисот да се рекреираат, да спортуваат, и да ги развиваат своите спортски вештини, да го подобрат своето здравје и подобро да си го организираат слободното време. И сето тоа во близина на својот дом (Беличанец Алексиќ)

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција