ВМРО-ДПМНЕ: Е-Документи

vmro-dpmne-logo

Проектот подразбира воведување на систем каде што граѓаните ќе можат преку Интернет со користење на електронски потпис да ги добијат документите од држaвните институции, без да посетуваат шалтери и канцеларии. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 1,75 милиони евра. [рок: 2012 – декември 2014*]

Образложение:

Проектот го опфаќа издавањето на следните на документи или услуги:

  • Издавање на Уверение за државјанство, кое го издава Министерството за внатрешни работи
  • Издавање на Извод од матична книга на родени, Извод од матична книга на венчани и Извод од матична книга на умрени, кои ги издава Управата за водење матични книги
  • Издавање на Имотен лист, кој го издава Агенцијата за катастар на недвижности
  • Издавање на Уверение за платени данoци и придонеси и Уверение за остварен нето приход, кои го издава Управата за јавни приходи
  • Издавање на Решение за остварување право на паричен надомест и Работна дозвола за странци, кои ги издава Агенцијата за вработување на Република Македонија
  • Издавање на Сообраќајна дозвола и Објавување на промена на место на живеење, кои ги нуди Министерството за внатрешни работи
  • Издавање на Потврда за платен надомест за добивање одобрение за градење и издавање Решение за данок на имот, кои ги издава Општината/Град Скопје
  • Издавање на Преглед на податоци за стаж и плата, кое го издава Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Издавање на Првостепено решение, Решение во исполнение на пресуда и Второстепено решение, кои ги нуди Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Издавање на Решение за исплата на надомест на плати по основ на породилно боледување, кое го издава Фондот за здравствено осигурување

Во 2010 година е започнат проектот, преку издавање имотен лист за инстутициите по електронски пат. Нема информации за воведување овие услуги од страна на институциите. Бидејќи рокот за исполнување на сите овие услуги е до 2014 година, ова ветување ќе се истражува и понатаму.

Заклучно со април 2013 година, останатите услуги предвидени со проектот Е-Документи, покрај услугата издавање имотен лист за инстутициите по електронски пат, сè уште не се воведени. [Ажурирано на: 04.05.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Реформа на администрацијата “, за проектот „Е – Документи“ е наведено:

„Оваа мерка ќе се реализира преку системот за интероперабилност, бидејќи електронската размена на податоци и документи во позадина ќе овозможи едноставно обезбедување на потребните податоци во електронски формат, со што ќе се овозможи побрзо извршување на јавните услуги.“ [Ажурирано на: 08.04.2014]

Со оглед на тоа дека и проектот „интероперабилност“ е во фаза на реализација, може да се каже дека ветувањето :„Е- Документи“ не е исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *