ВМРО-ДПМНЕ: Е-фактура

На фирмите кои обезбедуваат стоки и услуги за државните институции ќе им се овозможи електронски да ги доставуваат фактурите за наплата. Сите државни институции од министерствата до школите и болниците ќе бидат обврзани да примаат електронски фактури. На тој начин ќе се подобри ефикасноста и транспарентноста во работењето на јавните институции со приватниот сектор. Проектот се реализира по примерот на Данска, која има најразвиен систем за електронска соработка со фирмите. Имплементацијата на овој проект ќе обезбеди заштеда на илјадници работни часови и заштеда од околу 10 милиони евра годишно, преку елиминирање на пополнување фактури и нивно доставување преку пошта. [Рок: септември 2012]

Образложение:

Во дел од болниците во Македонија најавено е дека ќе започне процесот на добивање на фактурите за наплата по електронски пат. Поради тоа  дел од персоналот кој работи на оваа проблематика веќе има завршено со обука.

И покрај тоа што рокот за започнување на овој проект е месец септември, се уште  не е започнат да се реализира во пракса.

Во Отчетот на Владата на РМ, за овој проект е наведено:

Започната е реализација на акцискиот план за подготовка на проектот „е-Фактура“ – електронска достава на фактури од страна на фирмите кои работат со државните институции.

Дополнително нема никаква јавно достапна информација дека овој проект е реализиран.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција