ВМРО-ДПМНЕ: ECDL-обуки и сертификација за државната администрација

Оваа мерка опфаќа сертифицирање на државната администрација со сертификатот European Computer Driving Licence (ECDL). Целта на мерката е да им се обезбедат поквалитетни ИКТ-вештини на државните службеници кои се поврзани со нивната секојдневна работа. [Рок: декември 2014]

Образложение:

Според Стратешкиот план за 2012-2014 на Министерството за информатичко општество и администрација во 2011 година започнат е проект со времетраење од 6 месеци, IPA 2009: “Поддршка на имплементација на Европска компјутеризирана возачка дозвола” (ECDL – Support in implementation of the European Computer Driving License). Повеќе информации за овој проект не беа најдени. [Ажурирано на: 04.04.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 103, забележано е дека реализацијата на овој проект е во тек и не е завршена. Оваа мерка е опфатена со новиот Закон за административни службеници, кој беше донесен во февруари 2014 година, но неговата примена се одложи за една година, и ќе почне да се применува во февруари 2015 година. Со оглед на тоа дека реализацијата на овој проект е во тек и не е завршена, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 05.04.2012]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција