ВМРО-ДПМНЕ: Македонски јазик за децата на иселениците

За децата на нашите иселеници во дијаспората и за нивно успешно совладување на мајчиниот јазик, како и за сите студенти што студираат на катедрите по македонски јазик во светот, ќе креираме посебен веб-портал за учење на македонскиот јазик. Порталот ќе содржи над 1.400.000 зборовни форми од македонскиот литературен јазик и апликативни вежби пограматика, морфологија и синтакса. На овој портал ќе има содржини и вежби за сите ученици од основното и од средното образование. Вежбите ќе бидат погодни за учење во домашни услови, но ќе можат и да се користат во дополнителната настава по мајчин јазик во странство. На овој начин, покрај тоа што ќе се зголеми познавањето на јазикот кај нашите иселеници, ќе се овозможи и поширока популаризација на македонскиот литературен јазик. Во 2012 година ќе подготвиме нови наставни програми за изучување на македонскиот јазик за децата на иселениците, во 2013 година ќе изготвиме електронски прирачник за наставниците што ќе ја реализираат оваа наставна програма, а во 2014/2015 ќе изработиме едноставни дигитални содржини. Носител: Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Буџет: 2011 – 1,2 милиони денари, 2012 – 1,55 милиони денари, 2013 – 1,55 милиони денари, 2014 – 1,55 милиони денари, 2015 – 1,55 милиони денари. [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Според информациите од Бирото за развој на образованието, Првиот дел од Прирачникот за изучување на Македонскиот јазик во иселеништво е промовиран на третата годишна конференција на Исленичките организации одржана во јули 2012 година. Новата наставна програма за изучувањето на Македонскиот јазик за децата на иселениците е донесена во април 2013 година, но начинот и методот според кој истата треба да почне да се применува, се уште не се познати. Оваа наставна програма  би требало да биде дел од дополнителната наставна програма за изучување на Македонскиот јазик во земјите со кои Македонија има потпишано билатерален договор за оваа намена. Во 2014/2015 година е предвидено да биде направен веб порталот со едноставни дигитални содржини.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција