ВМРО-ДПМНЕ: Примена на стандардот WCAG 2.0

Органите на државна управа ќе бидат задолжени во преоден рок да ги доразвијат своите веб-локации во насока на примена на препораките од конзорциумот W3C за веб-пристапност преку објавениот водич за имплементација на WCAG 2.0. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 275.000 евра. [рок: јуни 2013]

Образложение:

Нема информации дека е спроведен овој проект. Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 104, се споменува само изработката на водичот за имплементација на стандардот WCAG 2.0 на македонски јазик, но не и спроведувањето на овој проект. Според тоа, можеме да заклучиме дека ова ветување не е исполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција