ВМРО-ДПМНЕ: Риболов на Дојранското Езеро

Преку измена на Законот за рибарство и аквакултура ќе се овозможи концесијата за доделување на користење на Дојранското Езеро да се врши на специфичен начин согласно со вековните традиционални методи на риболов во мандри и со корморани кој е зачуван на уште едно друго место на планетата и на поголем број концесионери. Покрај зголемување на туристичката понуда на Дојран и поширока презентација на нашите традиционални вредности, оваа новина треба да овозможи и можност за ангажирање на над 10 правни субјекти со по неколку вработени. [Рок: октомври 2011]

Образложение:

Заклучно со 31.10.2011, не се донесени измени на Законот за рибарство и аквакултура со кои ќе се овозможи концесијата за доделување на користење на Дојранското Езеро да се врши на специфичен начин согласно со вековните традиционални методи на риболов во мандри и со корморани.

Линкови: