ВМРО-ДПМНЕ: Управување со ресурсите (ERP)

Со воспоставениот електронски систем за управување со ресурсите во државните институции ќе се овозможи целосно интегрирано електронско работење со цел подобрување на севкупните перформанси на институциите. Ќе се воспостави комплетен регистар за секој вработен во администрацијата и комплетна слика за капацитетите на вработените. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 4 милиони евра. [рок: август 2014]

Образложение:

Министерството за информатичко општество и администрација во својот стратешки план за 2012-2014 година има наведено создавање и имплементирање на ваков систем. Дополнително Управата за јавни приходи, како државна институција, исто така во својот стратешки план за 2012-2014 година има наведено воведување на електронски систем за управување со ресурсите (ERP). Бидејќи се уште нема созданија и информации за воведување на ваков систем во некоја државна институција, ветувањето ќе се истражува и понатаму.

Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 103, започната е изработката на овој систем, но заклучно со март 2014 година работата не е завршена, односно сеуште не е воспоставен електронски систем за управување со ресурсите во државните институции со кој се овозможува целосно интегрирано електронско работење, како и комплетен регистар за секој вработен во администрацијата и комплетна слика за капацитетите на вработените. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција