ВМРО-ДПМНЕ: Закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство

Старото градско јадро на Битола, како комплексна споменична целина, е значајно поради многубројните вредни артефакти што ги содржи, како и поради низата поединечни објекти кои имаат карактеристики на културно наслед-ство од исклучително значење.Со Законот ќе се уредат клучните прашања во поглед на практичните аспекти на заштита на конкретно заштитено добро – споменичната целина „Старо градско јадро на Битола“, во смисла на негова идентификација, граници на споменичната целина, контактни зони, режим на заштита и управување со предметното добро.Со Законот ќе се придонесе кон трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и на другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции на оваа споменична целина. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследствп сеуште не е донесен.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција