Повисоките температури не се измама, туку мапите за временска прогноза се од различен тип

Фото: скриншот од дел од постот

Во постот кој го рецензираме се пропушта контекстот затоа што два различни вида на мапи – топографска и топлотна мапа (кои имаат различни бои и различни прикази), се споредуваат. Како што тврдат и експертите, не би можело да се споредуваат овие два видеа на мапи, поради тоа што топографската мапа има зелена боја а топлотната црвена боја

Во постот кој го рецензираме се пропушта контекстот затоа што два различни вида на мапи – топографска и топлотна мапа (кои имаат различни бои и различни прикази), се споредуваат. Како што тврдат и експертите, не би можело да се споредуваат овие два видеа на мапи, поради тоа што топографската мапа има зелена боја, а топлотната црвена боја

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Како се нарекува оваа измама денес, портокалов аларм, црвен аларм итн.

Во постот се споделуваат две фотографии од приказ на мапи и презентирање на временска прогноза. Првата карта е со зелена, а втората со црвена боја. Во постот се тврди дека тоа што мапата на втората слика е црвена, всушност претставува „измама“ заради тоа што се презентира зголемување на температурите (портокалов аларм, црвен аларм).

Но, како што пишуваат проверувачите на факти на Лид Сторис, двете мапи презентирани на фотографиите каде се презентира временската прогноза, не се доказ дека климатските промени не се вистинити и дека не се случуваат. Причината за тоа е што станува збор за две различни карти. Првата е од 2017 година, а втората од 2022 година. Иако на картата од 2017 година има прикажано повисоки температури споредено со таа од 2022 година, првата е топографска мапа, а втората е топлинска мапа, што објаснува зошто двете карти имаат различна боја и изглед.

Двете карти се од различни телевизиски програми во Германија на кои се презентира временската прогноза.  На картата обележана со 21 јуни 2017 година, има зелена боја и се прикажуваат температурите во Германија, а на мапата обележана со 21 јуни 2022 година со силни црвени нијанси и портокалова боја се прикажани пониски температури во Германија.

Ови две карти се неспоредливи, не може да се споредуваат една со друга, вели  за Лид Сторис Лео Хикман, директор на Карбон Бриф, сајт кој се занимава со најновиот развој во науката за климата и политиките за климата.

Мапата од 21 јуни 2017 година прикажана на првата фотографија е топографска што значи дека ја прикажува површината на областа која се прикажува на мапата. Еве пример од германска програма за временска прогноза од 21 јуни 2017 година на која е прикажана топографска мапа.

Спротивно на топографската мапа, картата од 21 јуни 2022 година прикажува топлотна карта. Телевизискиот канал од Германија прикажан на првата фотографија во постот кој го рецензираме, во 2017 година прикажа и топлотна мапа (покрај топографската што ја има на првата фотографија од постот), каде користи слични бои за топлотната мапа како што се користени и во 2022 година.

Вистиномер и претходно пишуваше за други манипулации со картите за временска прогноза, кои што беа злоупотребувани за дезинформации и инсинуации дека намерно се прави паника за да се исплашат луѓето дека температурите растат и се предизвикани топлотни бранови.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во постот кој го рецензираме се пропушта контекстот затоа што два различни вида на мапи – топографска и топлотна мапа (кои имаат различни бои и различни прикази) се споредуваат. Како што тврдат и експертите, не би можело да се споредуваат овие два видеа на мапи, поради тоа што топографската мапа има зелена боја а топлотната црвена боја. Во постот кој го рецензираме на првата фотографија има топографска мапа, а на втората има топлотна мапа.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција