Роберт Ф. Кенеди Јуниор дезинформира дека вакцините биле одговорни за аутизмот и хроничните болести

Фото: Принтскрин

Роберт Ф. Кенеди Јуниор е противник на вакцините, а неговите објави се предмет на светски анализи за бројни невистини што ги шири како и за различни теории на заговори. Така и во оваа објава, тој ги плаши граѓаните дека вакцините се одговорни за аутизмот и хроничните болести, иако науката го покажува токму спротивното.

Роберт Ф. Кенеди Јуниор е противник на вакцините, а неговите објави се предмет на светски анализи за бројни невистини што ги шири, како и за различни теории на заговори. Така и во оваа објава, тој ги плаши граѓаните дека вакцините се одговорни за аутизмот и хроничните болести, иако науката го покажува токму спротивното

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

@- RFK Jr.: „Аутизмот падна од еден од 10.000 во мојата генерација на еден од 34 во генерацијата на моето дете“. „Доколку сте родени пред 1989 година, кога го сменија распоредот за вакцинација, вашата шанса да имате хронична болест е 12%, ако сте родени по 1989 година, тоа е 54%. „И сите болести кои станаа епидемични… секоја од нив е наведена како несакан ефект на инсертите на производителот за 72-те вакцини што сега се потребни за нашите деца“. „Четирите компании кои ги произведуваат сите 72 од тие вакцини… во последните 10 години, заедно, платија 35 милијарди долари казни, отштета и казни за фалсификување на науката, за измама на регулаторите, за лажење на лекарите и за убиство на стотици илјади на луѓе“. „Потребна е некаква когнитивна дисонанца за да се верува дека овие компании, кои лажат и мамат за секој друг фармацевтски производ… Ова видео е отстрането од YouTube поради прекршување на Упатствата за заедницата.

Првата невистина која Роберт Ф. Кенеди Јуниор ја изнесува во видеото е тоа дека вакцинацијата предизвикува пораст на стапката на аутизмот. Имено, точно е дека стапките на аутизам растат во целиот свет, ама тоа не е поврзано со вакцините. Фактот што децата кои се невакцинирани развиваат аутизам е само еден показател во таа насока. Најмалку 20 студии покажуваат дека вакцините не се поврзани со аутизмот. Во 1960 тите, истражувачите процениле дека 0.04% од децата во Европа или 1 во 2,500 деца имало аутизам, според  Huff Post.

Денеска пак, според податоците на CDC’s Autism and Developmental Disabilities Monitoring Network, се проценува дека 1.85% од децата во Америка, или едно од 54 деца, имаат аутизам.

Тоа што во светски рамки многу се објавува за растот на дијагностицираните, предизвикува загриженост кај родителите, но треба да се сфати дека овој раст не е само поради биологијата, туку и поради пошироките критериуми за дијагностицирање. 

Така, во 1966 година (како што може да се види од оваа студија во Scientific American), дефиницијата за аутизам уште се темелела на дефиницијата на Лео Канер од 1943 година (Leo Kanner’s 1943 observations of “infantile autism) и се однесувала на деца опишани како ,,лекоумни, идиотични, шизоидни”, пишува Spectrum News.

Така што, во тоа време најголем дел критериумите за дијагностицирање биле поостри.

Денешните дијагностички критериуми опишани во  DSM-5, а кои клиничарите продолжуваат да ги прошируваат од 1980 наваму, го дефинираат аутизмот како развојно попречување кое предизвикува постојани дефицити во социјалната комуникација и социјалната интеракција во различни контексти. Луѓето на аутистичниот спектар, исто така, демонстрираат рестриктивни, репетитивни форми на однесување или интереси кои може да вклучуваат и реакции на екстремна сензитивност или индиферентност на сензорни инпути, како болка и гласни звуци, интензивни интереси и нефлексибилност на рутина. Овој критериум е многу поширок отколку дефиницијата на Канер, бидејќи во него се вклучени и поблагите форми на аутизам.

Тврдењата дека вакцините, кои се даваат во детството, предизвикуваат аутизам, датираат од статија од 1998 година објавена во медицинското списание Лансет. Британскиот лекар Ендру Вејкфилд тогаш го поврза вакцинирањето со МРП вакцината (сипаници, заушки и рубеола, која обично се дава на доенчиња и мали деца) со аутизам. Сепак, Лансет ја повлече студијата во 2010 година, откако беше откриено дека вклучува фалсификувани податоци. Британските медицински власти подоцна ја повлекоа лиценцата на Вејкфилд да се занимава со медицина, односно неговата лиценца беше одземена.

Не е точно наведеното во видеото и текстот од објавата, дека вакцините придонесуваат за раст на стапката на хронични болести. Тоа го пишува на сајтот на Детската болница во Филаделфија.

Луѓето кои се загрижени за безбедноста на вакцините, понекогаш споменуваат дека бројот на вакцините и стапката на хронични болести се зголемиле со текот на времето. Потоа, ја користат таа опсервација за да заклучат дека вакцините мора се причината за растот на стапката на хронични болести. Но, тука има логична грешка, која лежи во претпоставката дека само зашто две нешта се случуваат паралелно во ист временски период, мора да се поврзани, што не е точно, пишува на сајтот на Детската болница во Филаделфија.

Таму се додава, дека вакциналниот процес и имуниот одговор се комплетираат кратко после вакцинацијата, така што не постои можноста вакцините да предизвикаат подоцнежни хронични состојби во иднина.

На пример, честите несакани ефекти од вакцинацијата како температура или замор. Тие се случуваат во првите часови или денови по примањето на вакцината. За некои живи, ослабени вакцини, несаканите ефекти може да се подоцнежни поради виралната репликација и подолгото време за процесирање. На пример, температура или исфрлање како резултат на МРП вакцина е поверојатно да се случи недела до недела и половина после вакцинацијата и овие симптоми траат еден или два дена. Друг редок несакан ефект од оваа вакцина е тромбоцитопенија, што значи намалување на тромбоцитите два месеци после вакцината и требаат шест месеци за да се вратат тромбоцитите во нормала. Секогаш кога се случува сериозен несакан ефект од вакцина, тој се случува шест до осум недели после вакцинацијата и тоа го објаснуваме на следниот линк (“Long-term Side Effects of COVID-19 Vaccine? What We Know.”).

На сајтот на Детската болница во Филаделфија се додава дека идејата оти зголемен број детски вакцини доведуваат до зголемен број на хронични болести е тестирана и повеќе студии покажале дека вакцините не предизвикуваат аутизам, АДХД, автоимуни синдроми, дијабетес, Гулиан Баре синдром ниту мултипла склероза.

Вакцините, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не убиваат ниту наштетуваат, туку спасуваат животи. Точно е дека дел од нив, како и сите лекови воопшто, може да предизвикаат несакани ефекти. Поради тоа во САД има програма која што не утврдува виновник, а според која, ако некој доживеал анафилакса после вакцина, може да добие отштета. Вакцините спасуваат животи на начин што превенираат болести. Најголемиот дел од луѓето што се вакцинираат немаат сериозни проблеми.

Вакцините, како и сите лекови, може да предизвикаат несакани ефекти, но повеќето се многу ретки и многу благи. Некои здравствени проблеми кои што се случуваат после вакцинација, не се предизвикани од вакцините.

Во многу ретки случаи, вакцината може да предизвика сериозен проблем, како сериозна алергиска реакција. Во овие случаи, National Vaccine Injury Compensation Program (VICP) може да овозможи финансиска компензација за индивидуите што ќе поднесат петиција. Дури и ако не се докаже такво нешто, индивидуите може да добијат компензација преку спогодба. Не е наведено на кои компании производители на вакцини Кенеди мисли во својот говор, кога тврди дека исплатиле 35 милијарди долари во отштети.

Инаку, Кенеди бил тема на голем број рецензии на Вистиномер и на американските и други светски медиуми и проверувачи на факти, бидејќи поддржува и шири во јавноста разни теории на заговор – детално објаснети и во магазинот Форбс. 

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција