ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на максималниот праг за судски спорови со мала вредност

Во согласност со законот за парнична постапка при решавањето на спорови од мала вредност се применуваат поедноставни судски постапки, со што трошоците и времето за решавање на овие предмети значително се намалува. Затоа, зголемувањето на максималниот праг за спорови од мала вредност ќе придонесе за побрзо решавање на вкупниот број судски предмети. Рок: декември 2008 година.

Образложение:

Со измените и дополнувањата на Законот за парнична постапка максималниот праг за судски спорови од мала вредност е зголемен од 60.000 на 180.000 денари.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција