Организиран криминал, корупција и тероризам

Ќе се заостри казнената политика, алтернативните мерки, воведувањето нови кривични дела особено за ефикасно гонење и спречување на делата од организиран криминал, корупција и тероризам, ќе се зајакне одговорноста на правни лица и ќе се промовира конфискацијата на имотот со посебен акцент на институцијата проширена конфискација и неосновано збогатување и одземање на приносите стекнати со криминал . Рок: март 2009 година;

Образложение:

Ратификувана е Конвенцијата на Советот на Европа за перење, откривање, заплена и конфискација на приноси од казниво дело и финансирање тероризам, во измените и дополнувањата на Кривичниот законик опфатени се тероризмот, финансирање на тероризмот (закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик 15.01.2008, член 17-19), конфискација на имотот и проширена конфискација (Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик 14.09.2009, член 11-15)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција