ВМРО-ДПМНЕ: Превод на книги и учебници

Довршување на проектот за превод на над 500 научни книги и учебници од кои се учи во различни студиски предмети на највисоко рангираните 10 универзитети во САД и во Европа. Преведените најсовремени дела, покрај администрацијата, ќе ги користат и сите универзитети во Македонија. Студентите пред себе ќе ги имаат врвните научни дела, по кои учат нивните колеги на Harvard, Boston, Columbia University, London School of Economics, Cambridge, Oxford итн. Рок на завршување на овој проект: мај 2009 година.

Образложение:

Иако рокот за завршување на проектот е мај 2009 година, на крајот на 2009 година објавени се само 165 од 500 книги кои се дел од оваа фаза. Последна информација за преводот на научни книги и учебници дава информација дека до сега се преведени 425 книги.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција