ДУИ: Фер и еднаков однос кон сите квалификувани за работни места во јавната и државна администрација

Демократската Унија за Интеграција нема да спроведува партиски реваншизам и ќе се ангажира за фер и еднаков однос кон сите квалификувани за работни места во јавната и државна администрација.

Образложение:

Веднаш по доаѓањето на власт во 2008, ДУИ ја продолжи праксата на политички реваншизам. Во еден случај дури 12 вработени со решенија за работен однос во УЈП добија отказ.

Од друга страна, наводите за партиски вработувања, партисаки листи и пракса на партиска книшка, се веќе добро воспоставени правила во процесот на вработување. Овој проблем се спомнува и во Извештајот на ЕК за Македонија во делот за Јавната Администрација. Меѓународната заедница истотака на неколку наврати го потенцирала овој голем проблем во процесот на приближување кон ЕУ.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција