ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка на прехрабената индустрија

Трајно намалување на царинските стапки за шеќер со укинување на стапката за суровиот шеќер од шеќерна репка. За репроматеријалот за сокови (пире, пулпа и концентрат) од овошје кое нема услови да се одгледува кај нас како што е тропското овошје и аргумите, а кое во моментот е со царинска стапка 5%, ќе се укинат царинските давачки.

Образложение:

Од почетокот на 2012 година извршено е трајно намалување на царинската стапка за увоз на бел шеќер од 30% на 5%, а на 0% за увоз на суров шеќер, ароматизиран шеќер и меласа. Дополнително, укинати беа царинските стапки на репроматеријалот за сокови, за производство на пире за сокови и концентрат од овошје. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 01.04.2014]

Линкови:

Вечер (01.11.2011): Суровиот шеќер нема да се оцаринува! [Пристапено на: 01.04.2014]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција