ВМРО-ДПМНЕ: Центри за образование на возрасни

Во Република Македонија согласно со последниот Попис на населението повеќе од половина од вкупното население е само со основно или со незавршено основно образование. Во денешно време речиси е невозможно да се најде работа без да се има определени знаења и компетенции. Затоа потребно е да се овозможи образование за возрасни и да се даде можност секој да си го дооформи своето образование и да се стекне со знаења и вештини конкурентни на пазарот на трудот. Само на тој начин ќе се овозможи секој да обезбеди подобар живот за себе и за неговите најблиски.Преку бројни анализи е докажана врската помеѓу степенот на образование и стапката на невработеност. Затоа, ќе организираме формално образование на возрасните во местата каде што согласно со податоците на Државниот завод за статистика има најмногу необразовани лица, како што се: Прилеп, Штип, Куманово, Гази Баба, Струмица, Струга, Шуто Оризари, Чаир, како и на други места каде што ќе се утврди потреба. Така, ќе се намали невработеноста во овие места, ќе се зголеми економскиот раст и развој на општината и можноста за вработливост, а со самото тоа ќе се придонесе и за зголемување и на стандардот на населението во овие општини.  Носител: Министерството за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука. Буџет:  2012 – 10 милиони денари, 2013 – 15 милиони денари, 2014 – 15 милиони денари, 2014 – 15 милиони денари. [Рок: 2015 година]

Образложение:

ЈУ. Центарот за образование на возрасни  е јавна установа за образование на возрасни во Република Македонија, која како посебно правно лице е основана од Владата на Република Македонија во ноември 2008 година, и има за цел да промовира систем за образование на возрасни кои ќе можат да се стекнат со квалификации со кои ќе ги задоволат потребите на пазарот на труд во земјата. Центри за обуки засега има во градовите: Скопје, Куманово, Прилеп, Струмица Велес, Штип, Тетово, Битола и Охрид. Останува нејасно зошто ова ветување е ставено во Изборната програма  од 2011 година и има рок за остварување до 2015 година, кога истото е остварено уште во 2008 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција