ВМРО-ДПМНЕ: Веб портал за едукативни видео материјали

Истражувањата покажуваат дека луѓето, а посебно децата ги процесираат и ги усвојуваат визуелните информации многукратно побрзо отколку текстуалните. Видеото претставува високоефикасна алатка за едукација која постигнува многу поголем ефект кај младите луѓе. Тргнувајќи од овие факти ќе биде направен веб портал за едукативни видео материјали. Овој портал ќе овозможи класифицирање и споделување и прилагодување на веќе постојни едукативни видео содржини. Видео содржините од овој портал ќе можат на едноставен начин да бидат искористени од наставниците како дополнителен и ефективен метод во наставата. Во втората фаза од овој проект, согласно со искуствата од познатите светски универзитети ќе се направи библиотека со снимени предавања од најдобрите наставници во Македонија. Овие видеа ќе бидат достапни за сите ученици, кои ќе можат да ги гледаат и да учат додека се во своите домови. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: I фаза – 1 милион денари, II фаза – 1 милион денари. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Веб порталот за едукативни видео материјали содржи видеа кои можат да се искористат како дополнителен метод во наставата а со тоа да  придонесат за подобро совладување на наставните содржини. Втората фаза од овој проект, библиотека  со снимени предавања од најдобрите наставници во Македонија, е создадена и  видеата се достапни за сите ученици.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција