ВМРО-ДПМНЕ: GRPS за големи даночни обврзници

Ќе воведеме систем за контроли во реaлно време на големите даночни обврзници, кој ќе овозможи градење на партнерски однос врз максимална доверба. [Рок: јуни 2012 – декември 2014]

Образложение:

Според Отчетот на Владата на Р. Македонија реализацијата на овој проект е во тек. Достапни информации за тоа како се реализира овој проект нема, единствено е презентирана пилот фазата :

“GPRS во фискализацијата – воведување на систем за следење во реално време на готовинските плаќања и прометот, со што ќе се намалат теренските контроли (јуни 2012 пилот фаза со вклучување на големите трговски ланци, бензински пумпи и казина и обложувалници, целосна реализација до крајот на 2014)”

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција