ВМРО-ДПМНЕ: Творечки субвенции

Паралелно со стимулирањето на научно-истражувачката дејност, за творечките активности на уметниците и на творците од високообразовните установи и промоција на нивното творештво на меѓународно ниво ќе бидат обезбедени  творечки субвенции од областите на музиката, драматургијата, сликарството, вајарството, глумата, филмот, режијата, лингвистиката итн. Презентирањето на уметничко творештво на престижни меѓународни манифестации ќе биде вреднувано како предност при доделувањето на субвенциите. Носител: Министерството за образование и наука. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Конкурсот за творечки субвенции за 2012 година е распишан на 25 јули 2013 година, а пријавувањето траело до крајот на септември 2013.

На 9 октомври 2013 година министерот за образование Спиро Ристовски на прес-конференција соопшти дека: „Министерството за образование и наука  додели субвенции, односно еднократни финансиски средства во висина од 30 000 денари за 179 научни трудови од македонски автори објавени во меѓународни списанија со фактор на влијание.  На Конкурсот на МОН за 2012 година беа доделени субвенции за неколку научни области и тоа: 50 за трудови од природно-математичките науки, 50 од техничко-технолошките, 24 од медицинските науки и здравството, 39 од биотехничките, 12 од општествените и четири труда од хуманистичките науки. За оваа намена во буџетот на министерството обезбедени се потребните средства во износ од околу 5,5 милиони денари.“

На истата прес-конференција Ристовски рече дека МОН за 2011 година  доделил финансиски средства за 151 научен труд, а Конкурсот за 2013 година  е во тек и ќе трае до јуни 2014 година.

Според ова,  ветувањето: „творечки субвенции“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција