ВМРО-ДПМНЕ: Автопатско поврзување помеѓу Гостивар и Охрид, со крак кон Албанија

Гостивар – граница со Р. Албанија (кај Ќафасан) вклучувајќи ги Требениште-Охрид, Требениште –Струга и Струга –Подмоље. Трасата на наведените делници од Коридорот 8 поминува преку Букојчани, Кичево до Требеништа. Понатаму се издвојуват патни краци од Требениште кон Охрид и кон Струга, како и поврзување на Струга со Подмоље. Вкупната должина на овој патен правец од Коридорот 8 е 128 км. Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со ширина од 3,75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м, во секој правец. Вредноста на проектот е околу 490 милиони евра. Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат прифатливи финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање. Притоа, ќе се изработи нова динамика за постапна доизградба на западниот дел од Коридорот 8, почнувајќи со делници на југозападниот дел. [Рок: 2013 – 2018 година]

Образложение:

Нема информации за исполнување на ветувањето.

Бидејќи рокот на исполнување на ветувањето го надминува и регуларниот мандат на Владата (2015 година), ветувањето се оценува како недоследно.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција