ВМРО-ДПМНЕ: Патен правец Штип – Струмица

Со прераснувањето на патниот правец Штип-Струмица на ниво на експресен пат во должина од околу 70 км, ќе се постигне поквалитетно поврзување на Источна Македонија и тоа на нејзиниот јужен дел со северниот, како и со Скопје. Трасата започнува од клучка кај местото Три Чешми и продолжува кон југоисток до регионалниот пат кон Неготино, каде се планира клучка и продолжува кон Радовиш. Магистралниот пат во градба Радовиш-Струмица и веќе изградениот нов дел од магистралата се опфатени во планот на експресниот пат. Проектот предвидува изградба на пат со коловоз кој опфаќа две ленти со ширина од 3,75 м и две бавни ленти со ширина од 2,5 м. Вредноста на проектот се проценува на околу 250 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок за изградба: од 2014 – 2020 година]

Образложение:

Нема информација за започнување на ветувањето.

Бидејќи рокот за исполнување го надминува и регуларниот мандат на Владата (2015 година), ова ветување се оценува како недоследно.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција