ВМРО-ДПМНЕ: Делница Радовиш – Струмица

Со изградбата на оваа делница во должина од 10 км ќе се добие целосно модернизиран асфалтен коловоз со широчина од 7,5 метри на магистралниот пат кој ги поврзува Радовиш и Струмица. Вредноста на проектот: 6,9 милиони евра, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. Со новата делница ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот помеѓу населените места Сурдулци, Калуѓерица, Јаргулица, Покрајчево, Дукатино и Радичево. На патниот правец се планира изградба на 10 клучки и тоа на следните места: Три Чешми, Штип југ, Лакавица, Дамјан, Ињево, Радовиш југ, Калуѓерица, Радичево, Карбино и Просениково. На потегот од Радовиш до Струмица, магистралниот пат во градба и веќе изградениот нов дел од магистралата се опфатени во рамки на автопатското решение за кое во момонтов во тек е изработка на проект. [Рок: октомври 2011 година]

Образложение:

Иако започната во 2009, со зададен рок дека ќе се заврши во октомври 2011 година, делницата Радовиш – Струмица се уште не е пуштена во употреба. Последниот рок кој е поставен за завршување на истата е 10 јануари 2013 година.

Потврда за ова е и Отчетот на Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија каде што овој проект е во категоријата на ветувања кои се започнати но се уште не завршени.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција