ВМРО-ДПМНЕ: Интернет клубови

Во периодот 2011-2015 ќе продолжиме со отворање на нови 8 Интернет-клубови во: Демир Хисар, Велес, Делчево, Струмица, Берово, Пробиштип, Валандово и Струга. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 100.000 евра. [Рок: март 2012]

Образложение:

Од страна на Министерството за информатичко општество и администрација е најавено отворање на 8 нови Интернет-клубови. [Ажурирано на: 29.11.2011]

Заклучно со рокот за исполнување на ова ветување (март 2012 година), не постојат јавно достапни информации за отворање на нови 8 Интернет-клубови. [Ажурирано на: 25.04.2012]

Според официјалниот документ на ВМРО-ДПМНЕ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, во тек е постапката за отворање на 8 нови Интернет-клубови во градовите низ Македонија, што значи дека овие 8 нови бесплатни Интернет-клубови се уште не се отворени. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 05.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција