ВМРО-ДПМНЕ: Предавање на градежно земјиште во надлежност на општините

За поддршка на локалниот економски развој неизграденото државно земјиште ќе им се даде на управување на општините. Локалната власт за да добие ингеренции за земјиштето ќе треба да подготви: едногодишна програма за управување со државно неизградено земјиште, да лиценцира вработени лица во општините кои ќе бидат обучени да менаџираат со земјиштето, да имаат електрoнски систем за продажба на земјиштето и да оформат комисија за продажба на земјиштето. Општините што ќе ги исполнат овие услови сами ќе раководат со неизграденото земјиште. Цената на градежното земјиште ќе ја утврдува Владата на РМ на предлог на Министерството за транспорт и врски и општините. [Рок: јули 2011]

Образложение:

Започнувајќи од 1 јули 2011 година, општините имаат можност да го преземат градежното земјиште во своја надлежност. Тоа значи дека секоја општина ќе може да располага со ова земјиште, односно да го продава или да го дава под закуп. Според Законот за градежно земјиште основен услов за ова е секоја општина да поседува сертифицирани лица кои  ќе се во можност да ја водат продажбата на градежното земјиште по електронски пат.

Условите за предавање на градежното земјиште во надлежност на општините се создадени, а до сега 32 општини го искористиле тоа право.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција