ВМРО-ДПМНЕ: Односи со соседите

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе води особена сметка за негувањето и за унапредувањето на политичките и економските односи со сите свои соседни земји – Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово – засновани на принципите на рамноправност, почитување на територијалниот интегритет и суверенитет, взаемно уважување и почитување на културно-националните посебности. Посебно внимание ќе се посветува на транспортното и енергетско поврзување со соседите, засилување на трговските врски, како и отворањето на нови гранични премини. Од граничните премини во фаза на конечна изведба и отворање планирани се: Џепиште – Требиште (кон Албанија), Белановце – Станчиќ (кон Косово), како и Берово – Струмјани (кон Бугарија) – премин кој веќе е завршен од македонска страна, но ќе се продолжи со напорите истото да биде завршено и од бугарската страна. Ќе ги преземеме неоходните чекори граничниот премин Голема Црцорија – Голеш (кон Србија) кој е отворен во 2011 година да добие статус на постојан граничен премин. Ќе продолжат иницијативите и за нови гранични премини кај Огут – Трговиште (кон Србија), Лојане – Миратовац (кон Косово), Маркова Нога (кон Грција) и Дојран – Николиќ (кон Грција). 

Образложение:

Досега се отворени 2 нови гранични премини, Џепиште – Требиште и Голема Црцорија – Голеш. Потпишан е договор со Косово за отворање на граничниот премин Белановце – Станчиќ, додека најавено е и отворање на граничните премини Берово – Струмјани, Лојане – Миратовац, Огут – Трговиште и Татаринец – Слабоуевац. Со оглед на тоа дека се завршени само дел од активностите поврзани со ова ветување, ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција