ВМРО-ДПМНЕ: Рудници за јаглен во Лавци, Звегор-Стамер и Стар Истевник – Панчарево

До крајот на 2012 година ќе отпочнеме со детални геолошки истражувања на јагленовите наоѓалишта за локалитетите „Лавци“, „Стар Истевник – Панчарево“ и „Звегор – Стамер“. Во изминатите години во целост ја подготвивме проектната документација потребна за отпочнување на овие истражувања. За таа намена, до крајот на 2014 година ќе бидат инвестирани 1,5 милиони евра, по што ќе ги утврдиме количините и начинот на експлоатација на јагленот од овие рудници за потребите на домашната економија. [Рок: 2014]

Образложение:

Владата на Република Македонија додели две концесии на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности „Македонски енергестки ресурси“ во траење од 30 години за експлоатација на јаглен во Звегор-Стамер и Стар Истевник – Панчарево. Предвидено е инвестицијата во овие два рудника да се одвива по принципот на јавно-приватно партнерство. Заклучно со март 2014 година, нема информации за преземени активности поврзани со рудникот за јаглен во Лавци. Дополнително, овој проект воопшто не е споменат во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. Според тоа, ова ветувањето се оценува само како делумно исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција