ВМРО-ДПМНЕ: Транзитен туризам

Имајќи предвид дека околу 3,5 милиони патници транзитираат секоја година низ земјата преку коридорот 10, ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи коридорите 8 и 10 да станат атрактивни за транзитните посетители со давање можност за инвестиции во изградба на хотели, мотели, модерни бензински станици и разни туристички атракции со дополнителни локации за изградба на ваков вид на објекти. Носител: Министерството за транспорт и врски во соработка со единиците на локалната самоуправа. [Рок: 2013]

Образложение:

Во јули 2013 година од страна на Министерството за транспорт и врски беше објавен јавен повик за продажба на девет градежни парцели за изградба на бензински пумпи во општините Велес, Штип, Свети Николе, Демир Капија, Градско и Росоман. Според информациите од Министерството за транспорт и врски досега се отуѓени 5 градежни парцели во општините: Градско, Росоман, Велес, Демир Капија и Прилеп. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 13.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција