ВМРО-ДПМНЕ: Туристичка сигнализација

Ќе продолжиме со започнатиот проект за обележување и поставување на туристичка сигнализација за голем број на туристички места низ Република Македонија, посебно по должината на најзначајните сообраќајни патишта за привлекување на транзитните посетители. Носител: Македонската национална туристичка организација во соработка со Министерството за транспорт и врски. [Рок: 2013]

Образложение:

Остварени се повеќе активности во насока на исполнување на ова ветување. Овој проект е опфатен со Програмата за развој на туризмот за 2012 година (одвоени се 600 000 денари) и Програмата за развој на туризмот за 2013 година (одвоени се 400 000 денари). Според информациите, поставени се 115 информативни табли на сите позначајни туристички, културно-историски места на коридорите 10 и 8. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 11.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција