ВМРО-ДПМНЕ: Канцеларии за промоција на туризмот

Ќе отвориме седум канцеларии за промоција на туризмот лоцирани во центрите на главните градови на различни држави како и склучување на договори за маркетиншко преставување на туризмот во земји од каде има традиционален прилив на туристи (Холандија, Шведска, Србија, Косово, Русија, Израел и Турција). Носител: Македонска туристичка национална организација во соработка со Министерството за надворешни работи и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. [Рок: 2013 – 2015]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година, не постојат информации дека се отворени канцеларии за промоција на туризмот лоцирани во центрите на главните градови на различни држави. Единствено има информации дека е реализирана маркетиншка кампања за промоција на Република Македонија во Холандија и Јапонија, на 7 најгледани телевизии и во најчитаните печатени медиуми во Холандија, како и на веб-страницата Travel Vision и во печатениот медиум Archaelogy Magazine во Јапонија.  Дополнително, канцелариите за промоција на туризмот воопшто не се споменати во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. Од ова може да се заклучи дека ветувањето не е исполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција