ВМРО-ДПМНЕ: Зимски центар Пелистер

Ќе овозможиме понатамошен развој и на зимскиот центар Пелистер во модерен туристички центар преку активности како концесионирање на ски-лифтовите и одредување на нови локации за изградба на хотели. Доколку постои интерес, ќе ја разгледаме можноста за продажба и концесионирање на постојните објекти на стратешки инвеститор кој ќе инвестира и во развој на инфраструктура. Носител: Министерството за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа. [Рок: 2012]

Образложение:

Во изминатиов период преземени се одредени активности за развој на зимскиот центар Пелистер. Обновена беше жичарницата од страна на ЕЛЕМ, кој преку својот хотел Молика го презема управувањето на овој ски-центар со потпишување на договор за десетгодишна концесија. Со ова, по 6 години, повторно беше овозможено скијање на Пелистер. Сепак, досегашните инвестиции не се ни одблиску доволни за Пелистер да прерасне во еден вистински модерен зимски туристички центар, како што е планирано. Според информациите, од страна на Владата на РМ најавено е инвестирање во овој зимски центар во идниот период. Ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 26.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција