ВМРО-ДПМНЕ: Мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства

Мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства – ФАДН, базирана на репрезентативен примерок на фарми ќе биде целосно функционална. Од системот земјоделците ќе добиваат релевантни податоци за подобрување на нивното економско и финансиско работење, а институциите ќе добиваат информации за квалитетни политики. [Рок: април 2012]

Образложение:

Според информациите, Македонија интензивно работи на изготвувањето на мрежата на сметководствени податоци од земјоделските стопанства (ФАДН). Сепак,  најавите се дека мрежата ќе биде целосно функционална од 2013 година. Рокот за исполнување на ова ветување е април 2012 година. [Ажурирано на: 23.04.2012]

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, започнати се активностите за воспоставување на мрежа на сметководствени податоци од земјоделските стопанства (ФАДН), но оваа мрежа се уште не е подготвена, иако рокот за завршување на истата беше април 2012. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 15.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција