ВМРО-ДПМНЕ: Проширување на мрежата за наводнување

Ќе обезбедиме финансиска поддршка за реализација на помали инфраструктурни проекти од големо значење за подобрена енергетска и функционална ефикасност на водостопанските претпријатија и унапредено наводнување. Поддршката ќе се однесува за најмалку три проекти годишно, а издвоениот износ за еден проект ќе изнесува најмногу до 300.000 евра преку програмите на Министерството за земјоделство. Овие средства треба да придонесат кон обнова или проширување на мрежата за наводнување на нови површини каде има интензивно производство, да се заменат старите пумпи со нови кои се енергетски поефикасни, или да се инвестира во проекти како минихидроцентрали заради обезбедување на дополнтелни приходи на претпријатијата. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Изготвена е петгодишна програма за санација, реновирање, доградба и изградба на системи за наводнување во Република Македонија. Во следните 5 години планирано е да бидат инвестирани над 80 милиони евра во проширување и реновирање на системите за наводнување на земјоделските површини. [Ажурирано на: 06.05.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “,  проектот „ Финансиска поддршка за помали инфраструктурни проекти од големо значење за подобрена енергетска и функционална ефикасност на водостопанските претпријатија и унапредено наводнување“ е ставен во  групата на „НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА“

Така што може да се констатира дека ветувањето: „Проширување на мрежата за наводнување“,  е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција