ВМРО-ДПМНЕ: Заштита од енергетска сиромаштија

Овој проект вклучува субвенционирање на потрошувачката на енергија – секое семејство на корисници на социјална помош секој месец добива 600 денари како неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија. Во периодот 2011-2015 година ќе продолжиме со континуирано спроведување на Проектот за заштита од енергетска сиромаштија, преку субвенционирање на дел од потрошувачката на енергија. Притоа, износот од 600 денари ќе се зголемува секоја година согласно со индексот на пораст на трошоците за живот во претходната година.

Образложение:

Владата во текот на јуни 2012 како една од антикризните мерки ја зголеми висината на субвенцијата за потрошувачка на енергија од 600 на 700 денари. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Субвенцијата за потрошена енергија  и во 2013 и во 2014 година изнесува 700 денари.

Според тоа може да се каже дека ветувањето: „Заштита од енергетска сиромаштија“ е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција